Get Adobe Flash player
Најштедливиот модел на BMW
27.08.2009
bmw-320d-ed-edition-1.jpgBMW одлучи да ја збогати понудата на својот најпопуларен и најпродаван модел Серија 3 со нова високоефикасна верзија која на пазарот ќе се продава под името 320d EfficientDynamics Edition.

Од централата во Минхен гордо истакнуваат дека се работи за најекономичниот модел од целата актуелна гама на BMW кој светската премиера ќе ја доживее на претсотјниот салон во Франкфурт.

Јасно е дека овој штедливиец е создаден врз основата на обичниот 320d, но со направените подобрувањата во насока на зголемување на ефикасноста е постигната просечна потрошувачка од само 4,1 L/100 km. Притоа емисијата на СО2 изнесува 109 g/km.

Само за споредба новиот хибрид на Honda, моделот Insight остварува повисока просечна потрошувачка и има емисија на СО2 од 101 g/km.

BMW 320d EfficientDynamics под хаубата го сокрива четири цилиндричниот турбо дизел со зафатнина од 2.0 литри кој остварува моќност од 163 КС од 3.500 до 4.200 врт/мин и максимален вртежен момент од 360 Nm расположиви од 1.750 до 3.000 врт/мин.

Сета оваа снага е доволна за да го забрза 320d EfficientDynamics до 100 km/h за 8,2 секунди и да го однесе до максимална брзина од 220 km/h. Додека меѓузабрзувањето од 80 до 120 во петти степен трае 9,6 секунди.

За да се постигнат наведените перформанси и да се задржи ниската потрошувачка и емисија на СО2, 320d EfficientDynamics има цела низа подобрувања во однос на стандардниот 320d.

Направени се измени во конструкцијата на моторот со цел значително намалување на внатрешните отпори, сменети се пружините поради што автомобилот е дополнително спуштен до подлогата, а нови се и амортизерите.

Нови се и леснометалните бандажи специјално дизајнирана за да го смалат отпорот на воздух, додека отпорот при тркалање е намален благодарение на новите гуми на Michelin, Energy Saver.

Слично со останатите модели BMW се системот старт/стоп со кого се постигнува значително намалување на потрошувачката и емисијата на СО2 во град, регенерирање на енергијата при сопирање и електрично серво управување.

Според информацијата која што пристигнува од BMW, новиот зелен модел 320d EfficientDynamics Edition пристигнува кон крајот на годината и ќе се продава по цена на стандардниот 320d, кој пак, продолжува да се нуди во гамата на Серија 3.

 

 

 

 

Facebook