Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Најсилната тројка засега е на Alpina
23.03.2007
alpinaТочно на првото појавување на концептен автомобил на М3 на штандот на BMW во Женева, Аlpina пречекува со најсилната тројка што ја има во понуда: В3 Biturbo има 360 КС Со силата набилданата тројка од Бухле и парира на конкуренцијата од Инголштат (Audi S5: 354 КС) и истовремено ја затвора дупката во програмата на BMW. Додека Audi ги нуди своите спортски модели во два степена (во верзиите Ѕ и RS), BMW во понуда ги има само суперспортските модели М. B3 се вклопува меѓу новиот М3, од кого се очекуваат 420 КС, и 335i, кој и покрај двата турбополнача се задоволува со 306 КС. Неговата основа кај Alpina е доволно добра за 54 КС повеќе и пред се за дополнителни 100 Nm (500 Nm од 3.800 до 5.000 врт/min). B3 ја постигнува максималната вредност на 335i уште при помалку од 1.500 вртежи.

Турбо со супериорно повлекување

Со силата на повлекување Алгоецот би требало да му го истегне носот дури и на новиот М3: минхенската оргуља од вртежи нема да постигне многу повеќе од 400 Nm на коленастото вратило - при многу повисоки вртежи: „Сигурно е дека концептот со високи вртежи е вистинското за на тркачка патека. Но, во секојдневието купувачите на B3-Biturbo не би требало воопшто да се побавни од возачите на М3”, верува директорот на Alpina Андреас Бовензипен.

alpina_b3_back

Забрзувањето до 100 за 4,9 секунди (Audi RS4: 4,8 s) е многу кусо, но крајната брзина д 285 km/h  во секој случај е повисока отколку кај М3 во сериска состојба. Има уште две предности на B3 во споредба со М3: Напорот за возачот е умерен, бидејќи B3 го има брзиот шестстепен автоматик на ZF (М3, сериски е со рачен менувач). И: Директното вшприцување со пиезо инјектори и дозволува на машината поднослива потрошувачка. Alpina наведува 9,6 литри, додека V8 на М3, сам поради дополнителните два цилиндра, мора да оди погоре.

Под 60.000 евра

И на крајот, В3 Biturbo со кожени седишта и типичните бандажи на Alpina од 18 инчи ќе чини под 60.000 евра, додека новиот М3 со цената ќе се најде блиску до Audi RS4 (71.000 евра). Разликата со 335i изнесува 15.000 евра, но ако се изедначи опремата разликата се собира на 5.000 евра. И тоа вреди заради подобрите перформанси.

alpina_cockpit

Неколку возачи на RS4 ќе се јават во Alpina: Сопствениците на стариот модел на Audi со Biturbo-V6 не се многу одушевени од новиот концепт на високи вртежи на RS4 и затоа се вртат кон В3. А ако ги има повеќе, Alpina може да го приспособи и погонот на сите тркала од 335ix.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook