Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Најверен приказ на BMW М5
30.04.2010

Иако приложената фотографија е најверниот приказ на новиот BMW M5 сепак, не станува збор за целосно откривање на моделот пред неговото официјално претставување туку за симулација.

bmw-m5-2010-1

Компјутерски генерираната фотографија е направена по споредувањето на бројните шпијунски фотографии на кои е прикажан новиот М5 уловен за време на обемните тестирања како на пат така и на патеката во Нирбургринг.

Автомобилот прикажан на фотографијата ги носи сите обележја на новата генерација на Серија 5, но и обележјата на еден модел којшто излегува до спортскиот оддел М на BMW.

Предниот браник со огромни отвори за довод на ладен воздух со спуштени спојлери од страна кои формираат отвор низ кого минува воздухот кој лизга под рамниот под на автомобилот и излегува низ дифузорот поставен одзади за да се оствари поголем потисок и прилепување до подлогата при високии брзини.

Линијата на спојлерите на предната маска продолжува кон исто така аеродинамички оформените странични завеси. Нови се и ретровизорите кои исто така се наклонети кон подобра аеродинамка, а тука е и црниот кров од карбон-фибер.

Веќе е познато дека под хаубата на новиот М5 ќе беснее 4.4 литарскиот V8 битурбо бензинец кој работи во М верзиите на Х5 и Х6 каде остварува 555 КС, за во М5 ќе испорачува околу 570 КС.

BMW М5 ќе се нуди со два менувачи првиот автоматски со две спојки и седум степени на пренос за кого воедно ќе се доплатува, додека мануелниот менувач ќе доаѓа сериски.

Според најавите од BMW F10 М5 на пазарот во Европа ќе се појави некаде следната година.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook