|
20.02.2012 |
|
Volkswagen повторно станува народен автомобил најавуваат од седиштето на компанијата во Волфсбург. Марката почнува со развој на нов автомобил којшто ќе биде поевтин и од Up!.

Според првичните информации Volkswagen има намера да создаде автомобил чија цена би била околу 20% пониска од онаа на Up! што значи дека неговата вредност на пазарот би била пониска од 8.000 евра.
Со новото возило Volkswagen првично има намера да ги освојува новорастечките пазари во Азија, пред се Индија и Кина, но не исклучиува дека возилото би се нудело и на некои пазари во Источна Европа.
Создавањето на овој автомобил требаше да оди во соработка со Suzuki, но откако се растури бракот меѓу двете марки развојот ќе падне на терет на Volkswagen, поточно на поранешниот шеф на Opel, Ханс Демант.
Првичниот план за реализација на проектот од Демант ќе пристигне некаде на есен годинава, а доколку прокетот добие зелено светло неговиот развој ќе трае неколку години пред да почне производството.
|