Get Adobe Flash player

Наскоро Citroen C6 Hybrid
20.07.2009
citroen-c6-1.jpgРаководството на Citroen даде зелено светло за развој на луксузен хибриден автомобил кој ќе биде поставен на основата на знаменосецот на марката С6 и покрај електромоторот ќе користи дизел.

Погонот е веќе познат од низата концепти кои групацијата PSA Peugeot Citroen ги претстави на минатиот салон на автомобили во Париз како Citroen Hypnos, C4 WRC HYmotion4, Peugeot RC HYmotion4, Peugeot Prologue од кого произлезе 3008.

Класичниот мотор што ќе работи во хибридниот С6 ќе биде 2.0 литарски четири цилиндричен дизел со максимална моќност од 163 КС. Тој ќе ги задвижува само предните тркала, додека електромоторот со моќност од 37 КС ќе ги задвижува задните.

Менувачот кој снагата на дизелот ќе ја пренесува на прдна оска е шест степен мануелен веќе познат од низата модели во групацијата.

Citroen C6 Hybrid ќе го носи и системот старт/стоп кој дополнително ќе помогне во заштедата на гориво, а инженерите многу работеле и на смалувањето на отпорот на воздух.

С6 ќе има специјален аеродинамичен кит, задните тркала до половина ќе бидат покриени со капак додека оздола е поставен рамен панел кој ги покрива деловите што штрчат и спречува вртложење на воздухот околу нив.

Со сите овие аеродинмички измени хибридниот Citroen C6 ќе има коефициент на отпор на воздух од Cd 0,24.

Сеуште нема никаки податоци за перформансите на автомобилот, потрошувачката и емисијата на СО2, но според на јавите се очекува дека таа ќе паден под 100 g/km.

Кога хибридниот С6 ќе влезе во сериско производство сеуште не се знае. Но, со оглед на напредокот во развојот на погонот HYmotion4 се очекува тоа да биде наскоро.

 
Get Adobe Flash player