Skoda подготвува жешка верзија на популарната Fabia која како и останатите
жешки модели на чешката марка ќе ја носи наставката RS, а за
да ја оправда на предната оска ќе понуди 180 КС.
Моќната коњица во Fabia доаѓа од познатиот турбо бензинец на групацијата на Volkswagen, 1.4 TSI. Моторот е ист како и оној што се вградува во новата Seat Ibiza Cupra, но и во Bocanegra.
Без оглед што се работи за модели од иста класа со слични
перформанси од VW
истакнуваат дека нема простор за сомневање дека ќе се
појави канибализам во групацијата. За нив ова се нарекува здрава конкуренција.
Skoda
Fabia со помош на 1.4 TSI и неговите 180 КС е способна до темпо 100 за спринтува за 7 секунди и да
достигне максимална брзина од 224 km/h. Перформанси вредни за респект.
Снагата ќе се пренесува на предните тркала преку новиот 7
степен DSG менувач. Во мануелен модус на работа возачот ќе може степените да ги менува со палки
сместени зад волан.
И додека сеуште стојат сеќавањата на Fabia RS со дизел мотор од Skoda
пристигнува информација дека дизел во спортска Fabia e минато. Новиот спортист ќе се нуди само со бензинец.
Од Skoda
ги кријат останатите информации за Fabia RS, но и нејзините фотографии. Се што има од новиот модел е официјалниот
тизер.
Стартот на продажбата сеуште не е закажан. Се очекува
дека Fabia RS на пазарот ќе пристигне на средина на 2010 по цена од околу 18.000 евра.
|