Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Наследникот на Hyundai Getz е подготвен
05.09.2008
hyundai-i20-1.jpgВо Hyundai одлучија да ја прикажат првата официјална фотографија на новиот малечок хечбек со пет врати наречен i20 којшто треба да го замени издржливиот и доверлив Getz.

Според најавите од Hyundai i20 ќе доживее светската премиера на претсотјниот салон на автомобили во Париз. На салонот ќе биде изложена само верзијата со пет врати, додека моделот со три врати се очекува да се појави кон крајот на годината.

Интересно е што i20 е поставен на сосема нова платформа конструирана специјално за него и ќе има поголемо меѓуоскино растојание од она Getz кое изнесува 2.455 mm. Сеуште нема информација од Hyundai дали платфромата врз која почива i20 ќе ја користи и некој друг модел.

Hyunda i20 ќе го задвижуваат два бензиснки мотори со зафатнина од 1.2 и од 1.4 литри и еден турбо дизел со зафатнина од 1.4 литри.

Дизелот 1.4 CRDi има моќност од 90 коњски сили и максимален вртежен момент од 220 Nm, снагата ја пренесува на предните тркала преку шест степен мануелен менувач - наместо вообичаената пет степена менувачка кутија кај другите два модели.

Поради одличните карактеристики и ниската потрошувачка и емисија на СО2 1.4 CRDi ќе ја задвижува и еколошката веризја на i20 i-Вlue.

Hyundai i20 i-Blue кој како концепт исто така ќе биде прикажан во Париз ќе има подобра аеродинамика од обичниот i20. Ова е постигнато со поставување на рамен панел оздола кој целосно го покрива стомакот на автомобилот, со дополнително доближување до подлогата за 15 mm и мали аеродинамички измени однапред и одзади, пред се кај предниот и задниот браник.

Згора, на i20 i-Blue се поставени гуми со низок отпор при тркалање, а моторот го подмачкува масло со помал вискозитет.

Сите овие измени треба да условат i20 I-Blue со 1.4 литарскиот CRDi под хауба во просек да троши 4,15 литри при што ќе има емисија на СО2 од ниски 99 g/km. Вредност која е на ниво на Seat Ibiza Ecomotive.

i20 е дизајниран во европскиот центар за дизајн на Hyundai во Риселхајм и ги носи заштитните обележја на производителот од Кореа како што се хромираниот горен дел од предната маска и бадемастите предни светла.

Бидејќи е поголем од Getz, i20 има значително повеќе простор во кабината, а следејќи ја традицијата на Hyundai, кога ќе стартува со продажба, ќе носи високо ниво на сериска опрема.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook