Get Adobe Flash player
Neiman Marcus Hennessey Venom Viper
18.03.2008
neiman-venom-1.jpgСекогаш кога е се спомне името на компанијата Neiman Marcus најчесто се мисли на скапи модни детали, накит или во светот на автомобилите на марки како Mercedes, BMW, Lexus…

Од неодамна на страниците на каталогот на компнаијата се најде и беџот на Dodge. Всушност станува збор за тјунирана верзија на Dodge Viper од страна на американската тјунерска куќа Hennessey и разубавена во Nieman Marcus.

Автомобилот носи и соодветно име Venom или отров што оди со отровницата на Dodge и се продава по цена од 179.500 долари.

Можеби се чини прескапо за еден Viper, но кога ќе се спореди вложено добиено лесно лицето се развлекува во насмевка на секој што помислил и може да го купи.

Имено за тие пари се добива вистински американски Muscle Car кој од огромниот V10 мотор на задна оска испорачува 700 коњски сили и максимален вртежен момент од мрсни 875 Nm. Оваа отровница е способна да го катапултира возачот и неговата убава сопатничка до 100 km/h за 3,3 секунди и да достигне максимлна брзина од преку 320 km/h.

Оваа едиција од Nieman Marcus е направена на основата на Hennessey Venom 650R, полното име на тјунираниот Viper, која чини 14.500 долари повеќе од серискиот автомобил. Полната сума од близу 180.000 долари Nieman Marcus ја оправдува со уникатен ентериер преслечен во црна и црвена кожа, брендирани патосници со извесено лого и рачно изработен кожен комплет од патни троби кои совршено му прилегаат на обликот на багажникот на Viper и го пополнуваат секој празен простор.

Овој Venom добива и нов заден спојлер, а идниот сопственик целодневна настава на тркачка патека каде ќе научи како да го држи под контрола скапо платениот љубимец на четири тркала. Продажбата официјално стартува на 10 април, а изработени се само 7 примероци.


 

 

 

Facebook