|
05.08.2008 |
Откако се појавија првите оригинални фотографии од
шестата генерација на Volkswagen Golf во Волфсбург одлучија да дадат
неколку дополнителни информации.
Потврдено е дека Golf VI светската
премиера ќе ја доживее на салонот во Париз и дека продажбата стартува веднаш по
завршувањето на салонот. Кога веќе станува збор за продажба најчесто
поставувано прашање е: колку ќе чини?
Одговорните во VW истакнуваат
дека основниот модел во Германија ќе чини 16.500 евра што е за околу 200 евра
повеќе од актуелниот модел на германскиот пазар.
Втора важна информација што циркулира за Golf
VI е вградување на најекономичниот мотор во класата. Се работи за познатиот
2.0 литарски TDI кој во случајов испорачува 110 коњски сили и остварува
просечна потрошувачка од 4,5 литри дизел на 100 изминати километри и има
емисија на СО2 од 119 g/km.
Понатаму во Golf VI ќе се вградуваат и
автоматската контрола за задржување на растојанието од автомобилот пред вас и
систем за асистенција при паркирање.
Сеуште нема точен датум кога Golf VI ќе се
појави на нашиот пазар и колкава ќе биде почетната цена.
|