Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Нема да има мал Cayenne
25.03.2010

Одговорните од Цуфенхаузен се децидни дека компанијата нема намера на пазарот да излезе со уште еден мек теренец којшто би бил за една бројка помал од актуелниот Porsche Cayenne.

porsche-cayenne-new-2010-1

Соопштението доаѓа како реакција на веќе неколку години старата информација која кружи во светот на автомобилите во која стои дека Porsche работи на развој на мал SUV кој ќе биде поставен на основата на Audi Q5.

Постојано кружеа информации за новиот мал SUV на Porsche кој се нарекуваше baby Cayenne, или пак, Roxter. Но cега е јасно. Ништо од тоа.

Cayenne останува единствениот теренец во понудата на Porsche, бaрем за сега.

Интересно е што од Porsche истакнуваат дека на пазарот нема да се појави мал теренец, но не порекнуваат дека се работи на негов развој.

Главната причина зошто нема да има мал SUV од Porsche е одличната продажба на Cayenne која би секнала доколку се појави нешто помало и поевтино. Во моментов Сayenne придонесува за 50% од приходите на Porsche и се додека продажбата тера вака од Цуфенхаузен немаат намера да го нишаат бродот.

Најочит пример е ситуацијата во сестринската марка Audi. Откако беше претставен моделот Q5 се забележа голем пад во продажбата на Q7.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook