Get Adobe Flash player

Нема крај за проблемите на Toyota
04.02.2010

Откако најголемиот производител на автомобили на светот повика во сервис 8 милиони автомобили заради грешка на педалот за гас сега нови проблеми се надвиснуваат над Toyota.

toyota-prius-2010-1

Првиот се однесува на проблеми со педалот за гас кај новата генерација на Prius. Но, не станува збор за дефектен механизам како кај останатите автомобили повикани во сервис туку се претпоставува дека се работи за софтверска грешка.

Еден од попознатите сопственици на новата генерација на Prius и еден од основачите на Apple, Стив Возниак, забележал дека педалот за гас „полудува” во одредени моменти кога е вклучен системот Cruise Control и според него се работи за софтверска грешка.

До сега 100 вакви случаи се забележани во САД и 14 во Јапонија и американската национална агенција за безбедност во транспортот започнала да го разгледува случајот посебно во сферата на софтверот на Prius.

Меѓутоа во Toyota го отфрлаат обвинувањето дека станува збор за софтверска грешка и велат дека доколку има проблем треба да се бара на друго место. „Во текот на долги години на тестови, посебно на Prius, не сме наишле на ниту една причина да се сомневаме во грешки во електрониката или софтверот,” велат во Toyota.

Вториот проблем која се појави во врска со Рrius и кого во Toyota го признаваат е како што велат „проблем со конструкцијата на антиблокирачкиот систем ABS на сопирачките на новата генерација на Prius”.

Станува збор за моделите од моделска година 2010 кои што се наоѓаат во продажба од минатата година. Поточно станува збор за сите модели од новата генерација на Рrius произведени и продадени од јануари 2009 до сега.

Гласноговорникот на Toyota, Ририко Такеучи, соопшти дека инженерите на Toyota го откриле проблемот и дека работат на негово остранување. Воедно се разгледува дали истиот проблем се јавува и кај порано произведените примероци.

Проблемот со сопирчките на третата генерација на Prius повторно е откриен и во САД и во Јапонија каде стигнале поплаки од околу 180 нови корисници на хибридот.

Проблемите со педалот за гасна 8 милиони возила, а сега и со Cruise Control и сопирачките на Prius, воедно се одразија и на вредноста на акциите на светскикот гигант која постојано опаѓа.

Воедно американскиот конгрес повика претставници од Toyota да се појават пред комисијата за енергетика и трговија на САД за да ги изнесат своите видувања за настанатите проблеми.