Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Nemo Concetto концепт
17.12.2007
nemo-concetto-bologna.jpgCitroen на Саемот во Болоња го претстави Nemo Concetto, концепт кој е компактен и практичен и кој вчудоневидувачки се вклопува во копија на малата славна рипка од Дизни во бела и портокалова боја.

Nemo Concetto идеално го отсликува светот и вредностите на Немо како и бројните можности за персонализaција. Како и малата рипка и Nemo Concetto спаѓа во светот на „малите. Неговите ситни димензии се одличен адут затоа што овозможуваат лесно движење и снаоѓање во сите услови.

Во светот каде што владее мислење дека поголемите секогаш победуваат, Nemo Concetto ја врзува интелигентната концепција, компактен надвор, а голем внатре и докажува дека се што е потребно во живото е да се биде снаодлив.

Nemo Concetto не се обидува да биде она што не е. Горделиво го истакнува сопствениот идентитет поигрувајќи си со карактеристиките на традиционалните автомобили. Изглед на мал камион со живи бои и слободен хумор: тоа е рецептот за коктелот на којшто не можете да му одолеете.

Исто како и малата рипка, Nemo Concetto се истакнува со карактер и физиономија поради кои едноставно сакате да го изгрицкате.

Nemo Concetto сведочи за капацитетот на Citroеn да создава возила со посебен карактер, возила кои се составен дел од животите на нивните сопственици и се нурнуваат во нивните животи… како рипка во вода!

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook