Е-Wolf го претстави Е-2
кој пристигнува под мотото „совршениот зелен
суперавтомобил”, а неговите конструктори се надеваат дека со него ќе успеат буквално да ја
сметат конкуренцијата.
А конкуренцијата е бројна од Ultimate Aero EV, преку Tesla
Roadster, до најавените електрични супер спортски автомобили на Porsche, Mercedes
SLS AMG и во Франкфурт претставениот Е-Тron на Audi.
E-2 е втор автомобил на E-Wolf. Првиот е лесниот
родстер Е-1 претставен годинава во Франкфурт кој тежи 500 kg и го
задвижува електромотор со моќност од 150 КС способен да го забрза до темпо 100
за помалку од 5 секунди и да го доведе до максимална брзина од 230 km/h. Литиум-јонските
батерии на Е-1
му овозможуваат автономија од 300 km со
едно полнење.
Е-Wolf исто како и Е-1 го создава Е-2 со помош на научниците од Saxsony Lightweight Centar, центар за создавање на лесни конструкции и полимерски технологии кој е дел
од техничкиот универзитет во Дрезден.
Е-Wolf верува дека Е-2 ќе профитира од високата технологија која се вградува во него и од четирите
електромотори секој со по 136 КС поставени во главчините на секое тркало.
Ако се собере снагата на четирите електромотори се добива
максимална моќност од 544 КС. Максималниот вртежен момент изнесува високи 1.000
Nm што е вообичаено висока вредност кај електромоторите.
Наведената снага е доволна автомобилот тежок 900 kg и изработен
од карбон-фибер и други лесни материјали да достигне електронски ограничена
максимална брзина од 250 km/h.
Големата новина е во брзината на полнење на
акумулаторските батерии. Е-Wolf
наведува дека литиум-јонските батерии на Е-2 ќе достигнуваат
80% од својот максимален капацитет по само 30 минути полнење.
Но, не е наведено дали брзото полнење се остварува со
приклучување на стандардна електрична мрежа од 220 V и 16 A, или
пак, е потребен приклучок со повисок напон и поголема јачина.
Е-2 покрај високите перформанси, брзото полнење има и пристојна автономија од
300 km исто како и Е-1.
Во моментот Е-2 постои само на хартија и како компјутерски
генерирана фотографија, а неговото реализирање се очекува во 2011. Затоа пак
Е-1 е реалност, може да се купи денес и чини 150.000 евра.
|