Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Nissan 370Z официјално
30.10.2008
nissan-370z-1.jpgNissan ги прикажа првите официјални фотографии и неколку технички детали од своето ново купе 370Z кое светската премиера ќе ја доживее на салонот во Лос Ангелес.

Новиот 370Z би можел да се сфати и како комплетно обновување на неговиот претходник 350Z кој беше претставен во 2003. На прв поглед се забележува дека новиот модел е покус и делува понабилданo.

Со кусите превиси, светла како перка од ајкула, надуваните арки над тркалата, закривената линија на појасот и косиот кров кој продолжува во врата од багажникот, 370Z настапува во стил на вистински тркач и плејбој.

Во Nissan истакнуваат дека внатрешноста која кај претходникот трпеше највеќе критики нуди далеку подобро чувство за возачот и совозачот бидејќи се употребени поквалитетни материјали.

Секако најважниот дел кај спортистот на Nissan е техниката што се сокрива под ламарината. За неа за жал сеуште не се знае многу. Во Nissan откриваат само дека под хаубата ќе работи новиот V6 со зафатнина од 3.7 литри и со кодна ознака VQ37VHR.

Моќноста и вртежниот момент сеуште не се отркиваат. Единствено се знае дека истиот мотор работи и во Infinity G37 Coupe и дека таму остварува 330 коњски сили и вртежен момент од 366 Nm.

Нормално бидејќи се работи за расен спортски автомобил, моторот во  370Z ќе остварува далеку повеќе коњски сили. Претпоставките се дека се работи за нешто преку 350 коњски сили кои до задните тркала ќе се пренесуваат преку менувач со две спојки и комплетно нов самоблокирачки диференцијал.

Измените кај трансмисијата и подвозјето ќе условат унапредување на возните својства за што гарантираат инженерите одговорни за тестирање кои велат дека 370Z е далеку побрз на патека отколку 350Z.

Како и до сега главните конкуренти на Nissan 370Z ќе бидат BMW Z4 М и Porsche Cayman S, но јапонците се уверени дека со новиот автомобил ќе победат во борбата за купувачи.

Nissan 370Z треба да се појави на пазарот во втората половина на 2009, по цена од околу 36.000 евра.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook