|
14.12.2007 |
Серијата на мотори на Nissan VQ беше
вклучена во последниот избор на „10 најдобри мотори” што секоја година го
организира Ward и заслужено 14. пат по ред ја озвоија престижната
титула.
Воедно моторот VQ е единствениот што
е вклучен во списокот на 10. најдобри секоја година од 1995 до денес. Новиот
мотор што ја собра наградата е VQ37VHR кој се вградува во моделот Infinity G37
Coupe.
Новини кај овој V6 е технологијата VVEL
(Variable Valve Event and Lift) или варијабилно отворање и подигање на вентилите со чија
помош 330 КС и 366 Nm. И покрај тоа што е сличен со своите претходници
наградениот VQ има околу 35 проценти нови делови.
Системот VVEL комбинира хидраулично контролирано варијабилно отворање
на вентилите и електронски контролирано варијабилно подигање на всисните
вентили со што се подобруваат перформансите, одзивот и ефикасноста.
За да се квалификуваат за награда моторите мораат да се
произведуваат сериски и да се вградуваат во некој сериски автомобил. Финтата со
натпреварувањето е тоа што автомобилите во кои се вградуваат предложените
мотори не смеат да чинат повеќе од 54.000 долари.
|