Американската тјунерска куќа Switzer Performance од Охајо специјалзирана за екстремни доработки на сериските автомобили успеа да извлече 900 КС од моторот на Nissan GT-R.
Овој монструозен проект привлекува уште повеќе внимание затоа што горивото што согорува во цилиндрите на моторот на GT-R е еколошко поточно биоетнаол Е85.
Значи јапонскиот Годзила како што го нарекуваат Nissan GT-R се претворил во Корнзила – Cornzilla (Corn – пченка). Барем така на своја сметка се шегува сопственикот на тјунерката куќа Тим Швицер.
Проектот наречен GT-R Р900, како што е крстен бесниот Nissan GT-R, е директен продукт на претходникот GT-R Р800 кој работи на обичен бензин и како што вели називот остварува 800 КС.
Од Switzer Рerformance овој пат не даваат точни податоци околу доработката на моторот потребна за да се достигне енормната снага. Се знае само дека се поставени нови бризглаки и поголеми турбо полначи. Но, затоа истакнуваат дека имале проблеми со менувачот.
Имено менувачката кутија на Nissan неможела да се носи со масивниот вртежен момент на турбо бензинецот и истата била заменета со нова која ја изработила специјализираната мануфактура за менувачи по нарачка Dodson Motorsports од Нов Зеланд.
Доработките условиле GT-R P900 да може да спринтува до 60 mph или 96 km/h за помалку од 3 секунди и да достигне преку 220 mph, однодно преку 353 km/h. Но, овие податоци не се измерени.
Од Switzer Performance го измериле само податокот за меѓузабрзување од 96 km/h до 208 km/h – од 60 до 130 mph, за помалку од 6 секунди. Прилично брзо, но не се наведува во кој степен на пренос.
За да ја истакнат неговата чиста ќуд дизајнерите од Switzer Performance го обоиле Nissan GT-R P900 во бела боја, а му поклониле и посебен аеродинамичен кит наречен Amuse и го поставиле на леснометални бандажи од 20 инчи кои ги испорачува BBS.