Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Nissan GT-R во целост
17.10.2007
nissan-gtrПосле месеци од сoкривање конечно е откриено супер купето на Nissan, GT-R во американскиот магазин за автомобили Motor Trend. Според нив автомобилот е брз колку и Porsche 911 Turbo.

Убавото кај GT-R e што цената нема да ја надмине границата од 80.000 долари. Ова ги потврдува тврдењата дека GT-R ќе нуди најмногу за вложените пари.

Останатите важни детаљи откриваат дека GT-R забрзува до темпо 100 за 3,5 секунди и дека четвртина милја или 402 метри ги минува за 11,7 секунди од стоење. Максималната брзина изнесува импресивни 310 km/h.

GT-R во должина мери 4.650 милиметри, а во ширина 1.920 милиметри, носи 3,8 литарски V6 со два турбо полначи кој својата моќност од 473 коњски сили и максимален вртежен момент од 588 Nm на подлогата ги пренесува преку шест степен менувач со две спојки наречен GR6 и новиот погон на четири тркала на Nissan, ATESSA.

Менувањето на степените се одвива преку класична рачка поставена централно или пак алуминиумски педали поставени зад управувачот.

Од фотографиите може да се забележи дека однадвор автомобилот е ист како што се очекуваше – заводник, а внатрешноста нуди неколку изненадувања.

Во кабината нема простор во изобилие, а багажникот изгледа преголем за автомобил од ваков калибар. Поради ниската линија на кровот се чини дека на задните седишта нема доволно простор за просечен човек. Или пак станува збор за оптичка лага.

Уредувањето на внатрешноста со кожениот интериер и деталите од четкан алуминиум неоддоливо не потсетува на 350Z, иако според фотографиите чувството зад воланот би можело да се опише како седење во кокпит.

Секако најголемо внимание привлекува црвеното копче за старт сместено зад рачката од менувачот како и големото лого GT-R поставено на средина од воланот.

Иако перцепцијата во живо не е иста како и на фотографии се чини дека станува јасно како во Nissan успеале да понудат многу перформанси за малку пари.

Но, на крај оние што лудуваат по перформанси не лудуваат по луксуз. Токму затоа веруваме дека GT-R ќе мине убаво кај купувачите.

 

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook