Get Adobe Flash player
Nissan ќе користи мотори од Mercedes
03.06.2010

Новата алијанса која настана со спојување на Renault-Nissan и Daimler јасно е дека ќе им однесе многу предности на трите компании и веќе се најавуваат првите проекти кои ќе се добијат од соработката.

nissan-z-2010-1

Од Daimler истакнуваат дека ќе ги користат три и четири цилиндричните мотори на Renault и на Nissаn и воедно од француско – јапонскиот конгломерат ќе земаат на заем технологија за електромобили и ќе ја спојува со кинескот BYD.

Од друга страна Nissan и Renault ќе ги користат големите мотори на Daimler V6 и V8 и нивната хибридна технологија. Nissan e првиот од производителите кој ги открива своите планови за иднината.

Имено од Nissan најавуваат радикални промени кај својот спортист моделот Z. Најважна е користењето на хибридниот погон на Mercedes кој сега работи во моделот S400 Hybrid. Истиот треба да го користат и хибридните модели на Infinity.

Имено и во Z ќе се вградува 3.5 литарскиот V6 CGI со директно вбризгување спарен со електромотор. Овој верзија ќе биде првичната понуда на Nissan Z. Втората верзија во понудата ќе биде на основата на Mercedes E300 Bluetec.

Односно Nissan ќе го позајми само хибридниот погон кој е составен од четири цилиндричниот 2.2 литарски турбо дизел CDI и електромотор. Тие испорачуваат заедничка моќност од 221 КС и максимален вртежен момент од 569 Nm.

Се чини дека единствената класична верзија на Nissan Z ќе биде задвижувана од дизел. Под хаубата треба да се најде V6 моторот познат од Mercedes E350 CDI. Но, во Nissan немаат намера да застанат тука.

Препородбата на спортистот Z треба да го опфати и револуционерниот мотор на Mercedes наречен Dies-Otto кој комбинира технологија на дизел и бензински мотор и нуди одлични перформанси од мала зафатнина со ниска потрошувачка и емисија на СО2.

Причините зошто Nissan се одлучува за олку радикални промени кај својот спортски модел лежат во намалувањето на продажбата на класични спортски автомобили на јапонскиот пазар на сметка на хибридните купеа.

 

 

 

Facebook