|
Јапонскиот производител на автомобили кој од вчера е дел од најновата алијанса во светот на автомобилите Renault – Nissan и Daimler ги преиспитува своите позиции за напад во компактната класа.

Луксузната марка на Nissan, Infinity веќе најави развој на модел кој ќе влезе во премиум сегментот на компактната класа. Сега на ред е и Nissan кој после Almera немал модел за сериозен напад меѓу компактите.
За сега нема прeцизна информација кога овој модел би пристигнал на пазарот, но сигурно е дека во иднина јапонците ќе имаат конкурент на Golf. Информацијата ја потврдува шефот на Infinity и подпретседател на Nissan, Енди Палмер.
Nissan сака со новиот компакт да влезе во сегмент на автомобилскиот пазар кој привлекува огромен број на купувачи и да ги врати старите позиции кои што ги држеше со помош на ултра доверливата Almera.
Новиот компакт на Nissan ќе биде глобален автомобил кој ќе се продава на 90% од пазарите ширум светот. Во моментот Nissan зафаќа 84% од пазарите ширум светот и има учество од само 3%. Вредност која во компанијата се надеваат дека ќе ја зголемат многукратно.
„За сега бележиме извонреден успех со моделот Qashqai, но за да опстанеме во иднина ќе треба на пазарот да понудиме цела лепеза на конкурентни модели во сите сегменти,” истакнува Палмер.
„Toa e предизвикот што стои пред нас и не води. Точно е дека станува збор за долгорочни проекти чие време доаѓа, но работата врз развојот е веќе почната и се чека крајниот исход,” го заклучува своето излагање Палмер.
|