|
04.08.2011 |
|
Пазарот во САД во моментот проголтува најголем број на електромобили и затоа производителите водат жестока битка за секој купувач во која барем за сега победата ја однесува Nissan со Leaf.

Статистиката вели дека Nissan Leaf е лидер по продажба во САД и минатиот месец, исто како и претходните три месеци, повторно го победи американецот Chevrolet Volt.
Во јули од вкупно продадени 1708 електромобили во САД, дури 931 отпаѓаат на Nissan Leaf, што е повеќе од половина од вкупната продаджба. Интересно во јули се продадени само 125 примероци од Chevrolet Volt.
Разликата е евидентна, но од General Motors пристигнува информацијата дека за Chevrolet Volt има многу поголем список на нарачки отколку што фабриката произведува.

Како и да е во првите шест месеци од годината продадени се вкупно 4806 примероци од Nissan Leaf, а од Chevrolet Volt се продадени 2870 примероци.
|