Get Adobe Flash player

Nissan Micra седан
02.10.2009
nissan-sunny-neo-2010-1.jpgАзија лудува по компактните седани. Ова го докажа Ford кој веќе ја тестира седан верзијата на новата Fiesta, Honda со седан од Jazz, a го потврдува и Nissan кој разработува седан од новата Micra.

Новата Micra се очекува да биде претставена на претстојниот салон во Токио кон средината на месецов, а во првата половина на следната година на пазарот би требало да пристигне и нејзината седан верзија именувана како Sunny Neo.

Љубителите на автомобили се сеќаваат на одличниот седан на Nissan, Sunny чии постари примероци во одлична состојба сеуште возат и по нашите улици и кој се произведуваше од далечната 1966 до 2004.

За сега Nissan не открива никакви податоци за својот Sunny Neo или Нов Sunny освен двете компјутерски генерирани фотографии Nissan не открива никакви детали за автомобилот.

Се очекува дека со димензиите новиот Sunny нема да отскокнува од габаритите на класата, а истото важи и за моторите кои како и платформата ќе бидат земени на заем од Micra кај која под хауба ќе работат нови бензинци од 1.2 и 1.4 литри.

Секако за во Европа Micra ќе профитира и од малечкиот дизел 1.5 dCi на Renault.

Убаво е што на платформата на Micra, покрај Sunny Neo ќе се појави уште еден модел. Тое е малиот кросовер Qazana чив концепт беше претставен годинава на салонот во Женева и на пазарот ќе се појави кон средина на 2010.

 

 
Get Adobe Flash player