Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Nissan Pivo 2 Concept се врти како чигра
09.10.2007
nissan-pivo2-conceptЅвездата на Nissan на претсотјниот салон во Токио несомнено ќе биде GT-R, но тоа не значи дека јапонскиот производител нема да претстави концепти кои ќе го красат неговиот штанд.

Еден таков концепт ќе биде Nissan Pivo 2. Концептот е втора генерација на оригиналот Pivo од 2005 и носи сличен електричен погон кој се задвижува од енергијата добиена од литиум-јонски батерии.

Pivo 2 се гордее со истата ротирачка кабина која ја елиминира потребата за рикверц и го прави автомобилот многу поманеврибилен.

Останатите технологии што ги поседува Pivo 2 се „by-wire”сопирање и управување како и тркала кои можат да се ротираат за 90 степени.

Воедно инсталиран е и нов интерфејс систем наречен „Robotic Agent” кој комуницира со патниците или на англиски или на јапонски јазик.

И не само што агентот робот ќе ви обезбеди забава и друштво на долгите патувања туку ќе му овозможи на возачот да контролира неколку основни функции кај возилото и ќе врши потрага по место за паркирање и слични навигациски задачи.

Паркирањето било проблематично. Не е точно. Тоа е една од најлесните операции на Pivo 2. Свертете ја кабината странично, свртете ги трклата за 90 степени и лизнете се на местото или надвор од него.

Потоа насочете ја кабината во правецот во кој сакате да одите и кинисајте и притоа не заборавете да си помуабетите со вашиот роботизиран агент. Колку за да останете во тек со збиднувањата.

И ете добредојдовте во Јапонија. Иднината стартува тука.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook