Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Nissan планира автомобил од 3.000 долари за во Индија
21.06.2007
evtinnissanПретседателот на групата Renault-Nissan, Карлос Гон откри дека Јапонската половина од алијансата работи на супер евтин автомобил кој ќе се продава во Индија по цена од 3.000 долари.

Гон верува дека побарувачката за ваков автомобил во Индија е голема и дека нивниот ривал Tata Motors е при крај со развојот на сопствен супер евтин автомобил.

Производството на олку евтино возило во Индија е возможно поради ниските цени на добавувачите и евтината работна сила. Гон објаснува дека би било пропуштена шанса доколку Nissan не го покрие овој сегмент.

Развојниот тим досега изработил само физибилити студија и собира информации за да итврди дали вакво нешто воопшто е можно. Гон не сака да открие кога ќе почне производството доколку проектот добие зелено светло.

Но, со оглед на конкуренцијата тоа би можело да се случи наскоро.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook