Get Adobe Flash player
Nissan прави кабрио од Murano
25.01.2010

Иако зимата е во полн ек и ниту од далеку не е време за возење во кабриолет во Nissan размислуваат поинаку и гледаат напред кон следната топла сезона кога токму отворените возила ќе бидат ин.

nissan-murano-cabrio-2010-1

Тие подготвуваат еден интересен кабриолет којшто ќе биде создаден на основата на луксузниот кросовер Nissan Murano. Според одговорните од Nissan новото кабрио е веќе готово и се чека вистинскиот момент за презентација.

Отворениот Murano ќе има мек склоплив кров и ќе нуди пет места за седење. Под хаубата на првата верзија ќе работи 3.5 литарски V8 кој своите 265 КС ќе ги испорачува до сите четири тркала.

Плановите на Nissan се на почеток да произведат мала серија за да го испитаат пулсот на пазарот. Доколку Murano Cabrio наиде на добар прием кај купувачите тогаш сериското производство ќе стартува со полна пареа.

Во Nissan сеуште не откриваат колку ќе чини отворената верзија на Murano, но затоа најавуваат дека кабриолетот ќе се појави на пазарите во Северна Америка и во Европа за околу четири месеци.

 

 

 

Facebook