Get Adobe Flash player
Nissan Qashqai 5+2
17.04.2008
nissan-qashqai-plus-2-1.jpgNissan одлучи да ја прикаже попрактичната верзија на Qashqai која има две дополнителни седишта и нуди простор во кабината својствена за еден ван на што се надополнува и проодноста на еден кросовер.

Автомобилот дизајниран и произведен во Европа официјално ќе и биде претставен на светската јавноста на салонот во Британија во јули.

Дизајнот на кросверот на Nissan останува релативно несменет. Qashqai + 2 нараснал во должина за 211 милиметри и во висина за 38 милиметри поради повисоко поставениот кров, а сменето е и меѓуоскиното растојание кое е за 138 милиметри поголемо отколку кај обичниот Qashqai.

Поголемите димензии отвориле повеќе простор за патниците во кабината и најважното за сместување на третиот ред на седишта кои додека не се во функција лежат сокриени во подот на багажникот.

Продажбата на Qashqai + 2 стратува дури на есен во октомври и ќе се нуди паралено со обичниот Qashqai. На купувачите ќе им остане да изберат само верзија со погон на пред или на четири тркала и ден од двата бензински и двата дизел агрегати.


 

 

 

Facebook