Со концептот на кросовер Qazana, Nissan ги отрки
своите планови за лансирање на нов модел веќе следната година кој би се
произведувал паралелно со Qashqai во Британија.
Екстравагантниот дизајн, отсуството на В носач, големите
тркала и високо издигнатата каросерија повеќе го доближуваат Qazana до
тврдокорните теренци отколку до некаков урбан кросовер каков што се стреми да
биде.
Иако личи големо и страшно како некое баги спремно да
вози по пустелиите и дините на Марс, Qazana всушност е
многу компактно возило долго 4.060 mm, широко 1.780 mm, високо
1.570 mm и со меѓуоскино растојание од 2.570 mm.
Токму димензиите откриваат дека Qazana одлично ќе
се снаоѓа во урбаната џунгла. Кусите превиси, надуваните крила, тесната половина
и испакнатите раменици доловуваат изглед на вистински атлета.
На прв поглед во око паѓаат четирите предни светла и
масивниот штитник за моторот вкомпниран во предниот браник со огромни отвори за
довод на свеж воздух.
Но, и контрастот меѓу тркалезните светла поставени на
браникот кои се задолжени за средно и долго светло и тенките ленти на хаубата кои
користат како светло за возење дење.
Дополнителен шмек на тркалезните светла дава и сознанието
дека личат како да се земени на заем од некој рели автомобил. Се чини дека
спортската нота се проткајува и во внатрешноста.
Централната конзола на која е поставена рачката од
менувачот е слиена со потпирачот за раце ги следи контурите карактеристични за седиштето
и резервоарот за гориво на некој спортски мотоцикл.
На огромниот дисплеј на средина од арматурата се
прикажуваат сите функции и податоци врзани со возилото вклучуваји го тука и
активирањето на погонот на четири тркала.
Ниско поставените отвори за проветрување кажуваат
дека Qazana навистина сака да биде посебен и доколку се постави
прашањето: Зошто е тоа така? Qazana едноставно одговара: Зошто да не.
Според најавата на одговорните од Nissan, Qazana е
исклучително важен модел за компанијата. Сериската верзија нема да го менува
името и ќе носи дел од иновативните технологии на концептот.
За Nissan, Qazana е модел што цели кон иднината и ги застапува начелата на
јапонската марка да производува уникатни, возбудливи и спортски ориентирани возила. Ниту фотографирањето покрај велосипед не е случајно.
Затоа без оглед што се наоѓаме на почетокот од годината
со нетрпение ја очекуваме 2010 и Nissan Qazana.
|