|
27.11.2007 |
Колку и да брилијантен новиот GT-R, сепак,
неговата премиум цена и лимитираната достапност поради малата продукција значат
дека ќе биде не достапен за многумина љубители на спортски возила.
Некој ќе потсети дека затоа тукa е 350Z, но и тој
може да биде премногу скап за помалдите купувачи. За жал лесно достапните
спортисти на Nissan, како Slivia, односно 200 SX веќе не постојат
подолго време.
Причината е што во Nissan на нивна
сметка одлучи да го промовира имиџот во сегментот на SUV, но ова
набрзо би требало да се смени. Барем така велат шпекулациите кои говорат
дека во Nissan напорно се работи на подготовка на
наследникот на Silvia - 200 SX.
Шпекулациите ги поттикнаа Карлос Гон и извршниот
директор на Nissan, Тошијуки Шига кои во еден наврат
најавија враќање на 200 SX во 2010.
Овој цртеж ги дава можните стилски смерници на новото
купе и влече линии од концпетот на Nissan, Foria.
Дизајнот на наследникот на 200 SX според нас и
не етолку битен се додека автомобилот го сочува наследството на погонот на задни
тркала и моќниот четирицилиндарец од претходниот модел.
|