|
Nissan одлучи во Европа да ја донесе патничката верзија на успешниот товарен ван NV200 која го носи името Evalia, нуди седум места за седење и ќе профитира од докажаната издржлива техника.

Evalia е комплетно патничка верзија на NV200 кој покрај во товарна верзија се нуди и како комбинација од патничка и товарна изведба. NV200 Evalia како што гласи полното име по димензии е иста како и оригиналот.
Долга е 4.400 mm, широка е 1.695 mm, висока е 1.860 mm и има меѓуоскино растојание од 2.725 mm. Заради правилната форма со рамни вертикални страници Evalia е како салон во движење.
Покрај за патниците има многу простор и за багажот. Багажникот кога третиот ред на седишта е во функција има волумен од 900 литри, а доколку тие се соборени волуменот изнесува 2.900 литри.
На почеток во Evalia Nissan ќе ги вградува познатите мотори добиени од алијансата со Renault. Станува збор за дизелот 1.5 dCi со 110 КС и бензинецот од 1.6 литри исто така со 110 КС.

NV200 Evalia не би требало да се задржи долго на пазарот во Европа бидејќи Nissan на саемот за товарни возила во Хановер го најави модерниот ван NV400 кој треба да пристигне на пазарот во 2013 година.
|