|
03.05.2007 |
Audi додаде посебно штедлив модел во понудата, со мотор 1.9 TDI сo 115 KС и потрошувачка од 5,2 литри. Со неколку едноставни зафати лимузината сега поштедливо се однесува со горивото.
Како помош што ќе го учи возачот на поекономичен стил на возење, во таблата со инструменти е поставен економер кој препорачува во кој момент треба да се префрли во следниот степен на пренос. За намалување на потрошувачката „A4 е” поседува продолжени преносни односи во третиот и шесттиот степен. И електрониката е соодветно променета. Со предната хауба од алуминиум е заштедено во тежина, економичните гуми со формат 205/55 R16 имаат низок отпор на тркалање, а задниот спојлер ја подобрува аеродинамиката.
|