Get Adobe Flash player
Нов бензинец во Renault
19.06.2008
renault-megane-1.jpgПретпоставките дека во Renault покрај новата генерација на Megane работат и на нов мотор се потврдија како точни. Станува збор за бензински агрегат со зафатнина од 1.4 литри.

Новиот мотор ја носи наставката TCE и исто како и 1.2 литарецот TCE кој веќе се наоѓа во сериско производство има турбо полнач кој се активира при многу ниски вртежи. Сето тоа условува моторот да испорачува голем вртежен момент при ниски вртежи поради што отсуствува потребата при секое забрзување педалот за гас да се притиска докрај и да се држи моторот во висок режим на работа и така се штеди.

Renault на овој начин се приближува до светскиот тренд на намалување на зафатнината кај моторите како инструмент за намалување на емисијата на издувни гасови, посебно емисијата на СО2 на која многу се полага.

1.4 TCE остварува моќност од 130 коњски сили при 5.500 врт/мин и има максимален вртежен момент од 190 Nm кои стојат на располагање при ниски 2.250 врт/мин. За подобро искористување на вртежниот момент моторот е врзан со шест степен менувач кој снагата ја испраќа до предните тркала.

Конструкцијата на новиот мотор во Megane се базира на генерацијата на мотори на Nissan со кодна ознака HR15 и HR16, односно тоа се бензинските агрегати со зафатнина од 1.5 и 1.6 литри. Новина е и што покрај турбо полначот новиот мотор ќе има и нов систем за вбризгување на гориво.

Во Renault истакнуваат дека новиот мотор има вртежен момент како атмосферски бензинец од 2.0 литри и моќност како атмосферски банзинец од 1.8 литри, а потрошувачката треба да биде на ниво на атмосферски бензинец со зафатнина од 1.6 литри.

Тоа значи дека новиот мотор ќе го замени атмосферскиот 2.0 литарски бензинец со 136 коњски сили во третата генерација на Megane и што е уште поважно ги задоволува нормите Euro 5.

renault-megane-2.jpg

 

 

 

Facebook