BMW претстави ново конструиран бензински мотор со кодна
ознака N55. Моторот кон крајот на годината за првпат ќе го понесе новиот
модел GT поставен на платформа на новата генерација на Серија 5.
Моторот во најдобрата традиција на BMW има шест цилиндри распоредени во линија, зафатнина
од 3.0 литри, турбо полнач, директно
вбризгување на гориво и нова генерација на системот Valvеtronic.
Инженерите кои работата на развој на мотори во Минхен од
новиот мотор извадиле 306 КС и максимален вртежен момент од 400 Nm кои стојат
на располагање од 1.200 – 3.000 врт/мин.
Новиот шест цилиндарец го користи истиот блок како и
минатогодишниот носител на титулата Најдобар мотор на годината кој ја носи
кодната ознака N54.
Од својот претходник N55 се
разликува по помалата тежина од 4 kg, еден twin-scroll
турбо полнач, место два и системот Valvetronic. Во новиот
GT на BMW новиот мотор ќе работи во симбиоза со нов автоматски
менувач со осум степени.
Од BMW наведуваат дека нивните тест возачи со седанот – хечбек Серија
5 GT успеале од место до 100 km/h да забрзаат за 6,3 секунди и со леснотија ја достигнале
максималната брзина од електронски ограничени 250 km/h.
Воедно постигната е просечна потрошувачка од околу 9
литри на 100 изминати километри, а емисијата на СО2 изнесува 336 g/km.
Вреди да се спомене дека на старт покрај новиот агрегат N55 во Серија
5 GT ќе се вградуваат и 3.0 литарскиот турбо дизел со моќност од 245 КС и
бензинскиот V8 битурбо од 4.4 литри со моќност од 407 КС.
|