Get Adobe Flash player

Нов беснотилак од Geiger Cars
08.03.2010

Престижната германска тјунерска куќа кој се занимава со доработка на американски автомобили се пофали со своја визија на годинешната моделска изведба на Mustang Shelby GT500.

mustang-shelby-gt500-geiger-2010-1

Типичниот американски мускул од автомобил кој својот имиџ го оправдува со 5.4 литарскиот V8 способен да ослободи 540 диви мустанзи по доработката од инженерскиот тим на Geiger Cars може да се пофали дека е позбеснат и брз како куршум.

Со вградување на огромен механички компресор кој остварува работен притисок од 1,6 бари, модификување на главите на цилиндрите, нов систем за вбризгување со бризгалки со поголем проток, оптимизирање на системот за вшмукување и вградување на нов издувен систем од не`рѓосувачки челик добиени се многу повеќе коњи.

Во информацијата испратена до медиумите од Geiger Cars истакнуваат дека моторот на Mustang Shelby GT500 сега испорачува 810 КС и максимален вртежен момент од мрсни 945 Nm.

Расположивата снага е доволна за да го испрати Mustang Shelby GT500 на патување со максимална брзина од 354 km/h без оглед што американскиот автомобил не е олицетворение на добра аеродинамика.

За да се пренесе огромната снага до задните тркала направени е и дополнителни измени на менувачот со зајакнати компоненти како тркалачки лежишта, вратила и запченици, а поставени се и три карбонски спојки.

Сопирањето го задоволуваат нови вентилирачки дискови напред со дијаметар од 380 mm кои ги зафаќаат шест клипни сопирачки клешти кои ги потпишува Brembo.

Големите сопирачки дискови ги сокриваат леснометални бандажи дело на експерите од O.Z. Racing со дијаметар од 20 инчи и обуени во високо перформансни гуми на Falken способни да издржат брзини од преку 350 km/h.

Geiger Cars сеуште не ја објавуваат цената за монструозниот Mustang Shelby GT500 наведувајќи дека сеуште се определуваат пакетите кои ќе стојат на располагање на потенцијалните клиенти.

 
Get Adobe Flash player