Get Adobe Flash player
Нов блесок на Сребрената ѕвезда
16.12.2009

Токму така. Подготвен за претстојниот салон на автомобили во Дубаи, Mercedes, поточно неговиот Gullwing повторно блеска обоен со златна боја која станува се попопуларна во светот на тјунингот.

sls-amg-desert-gold-1

Меѓутоа не станува збор за доработка на SLS AMG Gullwing од некоја престижна независна тјунерска куќа. Доработката е направена директно во фабрика, поточно во AMG каде е создаден и се склопува Gullwing.

Фабрички тјунираниот SLS AMG е подготвен специјално за да биде изложен на салонот во Дубаи и е обоен со специјалната мат пустински златна боја наречена AMG Desert Gold која е во совршен контраст со елементите обоени во сјајна црна боја.

Таков пример се леснометалните бандажи со дијаметар од 19 х 9.5 инчи напред и 20 х 11.0 инчи назад чив обрач е прекриен со златна лента. Ентериерот исто така е преслечен со црна кожа и оплелемент со детали од карбон-фибер.

На деталите се внимавало до таму што и монструозниот мотор на AMG, 6.3 литарски V8 со 571 КС исто така е покриен со капак од карбон-фибер.

Иако доработка на Gullwing, AMG Desert Gold е направена специјално за претставување во Дубаи, заради големиот интерес што го предизвика од сега ќе се нуди како опција, однoсно индивидуален пакет, од AMG Performance Studio за сите модели на AMG.

Според извршниот директор на AMG, Волкер Морнхигвег, претставувањето на SLS AMG во AMG Desert Gold боја е знак на почит кон Средниот Исток. Бидејќи после САД, Германија и Јапонија, регионот на Персискиот Залив претставува четври најголем пазар за AMG.

 

 

 

Facebook