|
Среќен е BMW со толку многу верни фанови. Веднаш по потврдата од Минхен дека новото купе со четири врати Gran Coupe претставено во Пекинг влегува во серија пристигна визија за М6.

Токму така од Минхнен потврдија дека одговорот на BMW на конкурентите како Aston Martin Rapide, Porsche Panamera, Audi A7 и Mercedes CLS пристигнува во форма на Gran Coupe.
Одушевени од новиот автомобил на BMW за чив развој ќе биде ангажиран спортскиот оддел М GmbH ентузијастите од фан клубот на BMW наречен BimmerBoost веднаш побрзаа да го нацртаат наследникот на М6.
Тие благодарение на своите инсајдери во BMW истакнуват дека купето прикажано на компјутерски направените фотографии е многу слично до новата генерација на Серија 6 која ќе почива на истата платформа на која ја користи актуелната Серија 7, со мали измени помалата Серија 5 и концептот Gran Coupe.
Агресивното купе на фотографиите со набабрени крила, дифузор под задниот браник и четири издувни цевки дефинитивно е олицетворение на М6, но сепак, без оглед на уверувањата сето ова треба да се прими со резерва.
И додека сеуште не е јасно што ќе биде со визуелниот идентитет на новата Серија 6, односно нејзината спортска верзија М6, јасно е дека таа ќе ја носи типската ознака F12 и дека ќе го носи 4.4 литарскиот битурбо V8.
Моторот во М6 би остварувал околу 570 КС и би го катапултирал купето до 100 km/h за околу 4 секунди.
|