Get Adobe Flash player
Нов хибрид од Toyota
13.01.2010

Експертите за маркетинг на Toyota ја постигнаа целта алудирајќи дека Toyota работи на нов малечок хибрид со големина на iQ, додека во позадина се подготвувало нешто малку поголемо.

toyota-ft-ch-koncept-2010-1

Се работи за новиот концепт на хибрид на Toyota кој го носи името FT-Ch, аналогно на концептниот компакт на Lexus LF-Ch, сo дизајн е скроен во европскиот центар за дизајн на Toyotа сместен во Ница, Франција.

Како што вели дизајнерскиот тим кој работел на FT-Ch целта била да се создаде автомобил кој ќе им биде привлечен на младите купувачи. Во таа насока се и димензиите на концептот кој е 550 mm покус и 25 mm потесен од Toyota Prius на чија платформа е поставен.

По димензиите FT-Ch е близок до актуелниот мал хечбек на Toyota, Yaris, но е значително полесен и има пониска просечна потрошувачка и емисија на издувни гасови од Prius.

Овие информации се се што од Toyota откриваат за техничката страна на концептот FT-Ch. Не е јасно дали покрај платформата од Prius го наследува и хибридниот погон, перформансите и динамичките карактеристики.

Одговорните истакнаа дека доколку FT-Ch влезе во сериско производство цената ќе му биде пониска од онаа на Prius. Според нив доколку се исполнат плановите FT-Ch треба да стане предводник на семејство од седум хибриди на Toyota во следните три години.

Станува збор за сосема различни модели, а не верзии на актуелните хибриди или хибриди на постоечките конвенционални модели за што веќе пишувавме.

Одлуката дали FT-Ch ќе влезе во сериско производство ќе биде донесена во следните неколку месеци. Доколку проектот добие зелено светло тогаш сериската верзија на FT-Ch ќе се појави на пазарот во 2011.

 

 

 

Facebook