|
19.03.2010 |
|
Alfa Romeo ја проширува понудата на својата малечка бомба на четири тркала. Миланезите започнаа со вградување на новата генерација на турбо дизели од серијата Multijet во MiTo.

Именуван како Multijet II новиот турбо дизел е развиен од инженеите кои работат во Fiat Powertrain Technologies - FPT и ја носи истата зафатнина од 1.3 литри. За поголема штедливост и ниска емисија на јаглерод диоксид новиот 1.3 литарец е врзан со системот Start&Stop на Fiat и располага со нов филтер за честички чад.
Моторот остварува максимална моќност од 95 КС при 4.000 врт/мин, има максимален вртежен момент од 200 Nm расположиви од 1.500 врт/мин и е врзан со мануелен менувач со пет степени на пренос.
Снагата на моторот е доволна за да му дозволи на MiTo да забрза до темпо 100 за 11,6 секунди, оди до максимални 180 km/h и во просек да троши 4,3 L/100 km со емисија на СО2 од 112 g/km.
Дизелската верзија на MiTo, JTDM II веднаш стартува со продажба на европскиот пазар и се нуди во три верзии Turismo, Lusso и Veloce по цена од 15.400, 16.200 и 17.400 европски банкноти соодветно.
|