|
Нема двојби дека креаторот на автомобилите го има насочено својот нишан кон иднината и цврсто ја држи позицијата. Доказ е новиот концепт на електромобил Frenzy кого Renault го најавува за на есен.

Renault Frenzy е електричен миниван нацртан од раката на шефот на дизајн на марката Лоранс ван ден Акер кој го следи стилот воведен со концептот DeZir кој воедно го носи новиот дизајнерски потпис на марката.
Интересно решение кај Frenzy се вратите. Предните се отвораат нормално, додека задните сокриваат трик. Левата задна врата се отвора спротивно од насоката на движење и ослободува лесен пристап.
Задната врата од друга страна задира длабоко во кровот и се отвора со лизгање ослободувајќи широк отвор за влез во ванот, или пак, за полесно товарање и дополнително ја нагласува практичната намена на малиот ван.

Frenzy покрај како семејно возило служи и за превоз на стока. Задните седишта се склопуваат во подот и формираат рамна површина за товарање. Совозачкото седиште се залепува до арматурата и отвора простор за подолги предмети.
Дека Renault планира Frenzy да го понуди и како возило погодно за фирми говори решението на стаклото од десната задна врата кое всушност е екран од течни кристали на кого се појавуваат рекламните пораки на компанијата.
Како и кај концептот R-Spec, Ван ден Акер се откажува од централниот носач и го става акцентот на просторноста и лесно користење. Задната врата е од два дела, поделена е хоризонтално и секое парче се отвора на своја страна.

Арматурната табла со вградената технологија претставува интерактивна алатка за комуницирање и пакува Black Berry PlayBook таблет компјутер со екран од 7 инчи кој поддржува Adobe, Flash, HD multimedia,…
Погонот е со електричен мотор со моќност од 60 КС и 226 Nm, батериите се литиум-јонски, а максималната брзина е 130 km/h. Автономијата сеуште не се објавува. Затоа се знаат димензиите.
Renault Frenzy во должина мери 4.091 mm, широк е 1.872 mm, висок е 1.743 mm. Растојанието меѓу оските е растегнато на 2.691 mm, багажникот има максимални 2.250 литри, на вага покажува 1.420 kg и стои на гуми 205/45 R19.

Каква ќе биде судбината на Frenzy од Renault сеуште не кажуваат, но нема сомневање дека дури и да не влезe во серија ќе послужи како основа за на него сличен модел кој би бил Kangoo Z.E. на иднината.
За да се добие комплетна претстава за можностите на Frenzy, Renault објавува и видео кое може да се пголедне и на YouTube каналот на Vozi!
|