Get Adobe Flash player
Нов концепт Gran Coupe од BMW
26.04.2010

Баварците се полни со изненадувања. Тоа го докажуваат со новниот нов проект концептот нарчен Gran Coupe, купе со четири врати кого го прикажуваат на салонот во Пекинг најавувајќи моделска револуција.

bmw-gran-coupe-2010-1

Gran Coupe e продолжување на темата која BMW ја начна уште во 2007 со Concept CS.

Според извори блиски до BMW новото Gran Coupe е најава за сосема нова генерација која ќе биде означена како Серија 8. Спортското купе со четири врати треба да понуди луксуз како во Серија 7 и агилност како една Серија 5.

За да се исполнат условите инженерите и дизајнерите во BMW на Gran Coupe му поклониле должина од 5 метри, ширина од безмалку 2 метри, четири врати кои немаат рамки на стаклата и ниска силуета со висина од помалку од 1,4 метри, или, за 100 mm пониска од новата Серија 5.

Со кабина поместена кон назад, линија на кровот која благо се спушта безмалку до крајот на капакот на багажникот и долгата хауба која завршува со нос извлечен кон напред како ајкула се нагласува спортската сплескана силуета на Gran Coupe.

Спортскиот карактер на Gran Coupe дополнително го откриваат набабрените крила кои потестуваат на BMW М3 од серијата E30, шкргите во браникот за довод на воздух за ладење на предните сопирачки и четирите стилизирани издувни цевки.

Вовлечениот централен дел на предниот браник заедно со дифузорот вкомпониран во задниот браник и рамниот под на Gran Coupe формираат вентуриева цевка која создaва подпритисок при високи брзини и го лепи автомобилот за подлогата.

Предните и задните светла користат светлечки диоди, но и покрај користењето на LED задржан е препознатливиот дизајн на предните светла и оптиката на задните која без сомнеж открива дека се работи за еден BMW.

Одговорните за маркетинг од Минхен го опишуваат Gran Coupe како хибрид меѓу GT автомобил и суперспортист. Според припадноста Gran Coupe треба да им конкурира на Porsche Panamera и големото купе на Audi со пет врати A7.

Во Gran Coupe ќе работат неколку од најмоќните мотори на BMW, а се шушка и за филигранска М верзија, но за неа како и за многу други детали поврзани за новиот концепт на BMW нема ништо официјално.

 

 

 

Facebook