Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Нов мотор TSI од Volkswagen со 122 КС
28.04.2007
vwtsi122Инженерите во Волфсбург развија нова верзија на моторот TSI со силина од 122 КС и го претставија првиот седумстепен менувач со двојна спојка (DSG). Двата новитета ќе се појават по летото.


Новиот мотор TSI со 122 КС се надоврзува двете на варијанти што веќе се вградуваат во моделите на Volkswagen, со 140 и 170 КС. Во споредба со моторот 1.6 FSI кого го заменува, вртежниот момент на 1,4-литарскиот мотор е поголем за речиси 30 проценти, со 200 њутнметри при 1.500 вртежи. Во долното подрачје на вртежи, малечкиот 1.4 TSI е подобар за дури 66 проценти во вртежниот момент. Потрошувачката е пониска за шест проценти. За разлика од посилните варијанти, новиот TSI нема двојно натполнење, туку има само еден турбополнач.Следната вест од техничкото одделение е седумстепениот менувач со двојна спојка. За разлика од шестстепениот DSG, тука спојките не работат во масло и со тоа треба да се зголеми ефикасноста. Овој менувач ќе се вградува во речиси целата гама, од Polo до Passat, за сите мотори со вртежен момент до 250 њутнметри. Во комбинација со новиот 1.4 TSI со 122 КС, потрошувачката во Golf ќе изнесува 5,9 литри на сто километри.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook