|
14.06.2010 |
|
Audi по стартот на продажбата на А8 најави уште еден мотор кој ќе работи под хаубата на знаменосецот. Овој мотор ја заокружува бројката на 4 двигатели и е наменет исклучиво за пазарите во Европа.

Станува збор за бензинец TFSI со зафатнина од 3.0 литри и V распоред на шесте цилиндри кој ќе ја надополнува понудата на високо октански мотори во А8 и стои скалило подолу од 4.2 FSI.
Моторот нуди директно вбризгување на горивото и својата снага ја постигнува благодарение на взаемната работа на механички компресор и турбо полнач. Остварува 290 КС и максимален вртежен момент од 420 Nm.
До сега Audi А8 во Европа се нудеше само со еден бензинец споменатиот 4.2 FSI кој остварува 372 КС и вртежен момент од максимални 445 Nm.
Како и останатите моторни изведби на А8 така и 3.0 TFSI ќе биде спарен со новиот осум степен автоматски менувач и ќе ја пренесува снагата до сите четири тркала остварувајќи спринт до 100 km/h за 6,1 секунди и максимална брзина од електронски ограничени 250 km/h.
Audi веќе ја објавува и цената на А8 3.0 TFSI за германскиот пазар која изнесува 98.900 евра во основната верзија.
|