Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Нов рекорд на Нирбургринг со електромобил
01.09.2011

Новиот носител на рекордот на легендарната патека Нирбугринг, поточно на нејзиниот северен круг е Toyota со електричниот тркач EV P001 кој ја сврте патеката за 7 минути и 47. 794 секунди.

toyota-ev-p0001-1-2011-1

Уште при создавање на EV P001 инженерите на Toyota си поставиле за цел да го соборат брзинскиот рекорд на Нирбугринг за електрични автомобили кого до сега го чуваше Peugeot со неговиот EX1.

Меѓутоа времето на Peugeot EX1 од 9 миниту и 1.338 секунди низ патеката долга 20,832 километри е за безмалку 2 минути послабо од она на Toyota EV P001 чиј резултат се доближува до оној на класичните спортски автомобили.

За да го достигнат саканото инженерскиот тим на тркачки монокок од карбон-фибер со помошни рамки од челични цевки вградил два електрични мотори со вкупна моќност од 381 КС и максимален вртежен момент од 800 Nm.

Батериите се литиум-керамички и се најголемата ставка во тежината на EV P001 од 970 килограми. Сепак, без нив моторите не би можеле да го туркаат тркачот до максимални 260 km/h со спринт до 100 km/h за 3,6 секунди.

Паметното распоредување на комонентите им помогнало на инженерите на Toyota Motosport GmbH да остварат нискo тежиште и совршен баланс заради кои EV P001 е директен и стабилен во свијоци што е важно за на Нордшлајфе.

Toyota го потрвдува својот рекорд преку официјално видео.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook