|
14.06.2007 |
Ferrari постави нов рекорд на патеката во Силверстон, но овој
пат немаше бришкање со трицифрени брзини. Станува збор за неофицијален
натпревар на сите сопствениците на Ferrari.
Ferrari Британија и Клубот на сопсвеници на Ferrari од Британија
поставија нов светски рекорд за „најголемата парада на Ferrari” досега
надминувајќи го претходниот обид за три пати.
385 автомобили од сите генерации со кренат коњ во носот
вртеа по патеката во Силверстон во формација, како дел од прославата од 60 годишницата
на Ferrari.
Претходниот рекорд кој го постави Клубот на Сопственици
од Шпанија во мај годинава броеше 128 автомобили.
Меѓу колекцијата од 100 милиони евра имаше такви бисери
како 250 GTO, ултра реткиот FXX, само околу 30
примероци од Enzo и здрава колекција од суперспортските F40 и F50.
Секој автомобил мораше да вози барем 3,5 километри на
растојание од барем две авто-должини меѓу себе за на патеката да ги собере сите
пристигнати автомобили и да се постави посакуваниот рекорд. Всушност сите 385
учесници свртеа цел круг од 5,141 километри.
Ѕвезда на викендот беше Бруно Сена, внук на легендарниот
Аиртон кој возеше F430 оличен со бразилското знаме.

|