|
Mercedes го претстави новиот Safety Car за годинешната сезоната во Формула 1. Џиџка новиот суперспортски автомобил SLS AMG од годинава ќе го замени SL 63 AMG кој возеше минатите две сезони.

Ова е деветата по ред генерација на возила од AMG кои верно и служат на Формула 1. Официјалниот F1 Safety Car и официјалниот F1 Medical Car се дел од Формула 1 во текот на изминатите 14 години.
Како и претходниците, така и новиот сребрен тркач на Mercedes ќе излегува на пистата секогаш кога ќе се случи инцидент или при лоши временски услови кои спречуваат нормален тек на трката.
Новиот Safety Car лесно може да одржува чекор со болидите од Формула 1 блaгодарение на неговиот V8 од 6.3 литри и моќност од 571 КС и максимален вртежен момент од 650 Nm.
За потеребите на Формула 1, SLS AMG е опремен со специјална светлечка табла во која се сместени 700 светлечки диоди кои ветуваат добра видливост и во најлоши услови и ги информираат возачите за ситуацијата на патеката.
За возачот и совозачот се поставени тркачки ремени прикачени во шест точки, поставена е и дополнителна камера преку која се набљудува ситуацијата одзади.
Одличната моќ при сопирање ја обезбедуваат карбон-кермички дискови со димензии 402 х 39 mm напред и 360 х 32 mm назад, а за подобрo звучно доживување на гледачите на трибините поставен е и нов издув кој му овозможува на моторот да диши послободно и да произведува соодветна звучна кулиса.
Паралелно со новото безбедносно возило Mercedes го претстави и официјалното медицинско возило за годинешната сезона во облик на C 63 AMG. И под хаубата на C 63 AMG работи 6.3 литарскиот V8.
За во овој модел моторот испорачува 457 КС и максимален вртежен момент од 600 Nm. Како и кај SLS AMG снагата се пренесува преку 7 степениот 7G-Tronic автоматски менувач и има самоблокирачки диференцијал.
Mедицинскиот Mercedes C 63 AMG има суспензија кај која може да се мести висината и да се подесуваат карактеристиките на амротизерите во зависност од патеката на која се вози.
И кај него за сопирање, но само на предната оска, се користат карбон-керамички дискови заради нивната извонредна отпорност на прегревање што е од голема значење на патека, а леснометалните бандажи од 19 инчи се обуени во гуми со димензии 235/35 напред и 255/30 назад.
Зад возачот Алан ван де Мерв од Јужна Африка и совозачот Др. Гери Харштајн од Белгија, официјалниот гранпри доктор на FIA, се наоѓа комплетна опрема потребна за одржување во живот на евентуално повредениот F1 пилот.
Подолу е списокот на сите официјални безбедносни и медицински возила на AMG во F1.
AMG Safety Cars
1996: C 36 AMG (W 202)
Од 1997: CLK 55 AMG (C 208)
2000: CL 55 AMG (C 215)
Од 2001: SL 55 AMG (R 230)
2003: CLK 55 AMG (C 209)
Од 2004: SLK 55 AMG (R 171)
Од 2006: CLK 63 AMG (C 209)
Од 2008: SL 63 AMG (R 230)
Од 2010: SLS AMG (C 197)
AMG Medical Cars
1996: C 36 AMG (W 202)
1997: C 36 AMG (W 202); E 60 AMG (W 210)
Од 1998: C 55 AMG Estate (S 202)
Од 2001: C 32 AMG Estate (S 203)
Од 2004: C 55 AMG Estate (S 203)
Од 2008: C 63 AMG Estate (S 204)
|