|
14.01.2008 |
Светската премиреа на новиот Subaru Forester е најавена
за салонот во Детроит. Веднаш потоа стартува комерцијализацијата на мекиот
теренец на Subaru кој досега привлече голем број на поклоници.
Новиот Forester е поголем
од претходникот има поголем клиренс и повеќе наликува на некаков компактен SUV отколку на караван
кросовер. Целта е вметнување во сегемeнтот каде што владеат меки теренци од
типот на Toyota
RAV4.
Forester ја дели платформата
со новата Impreza,
но сличноста не застанува тука. Дизајнерските елементи се препознаваат насекаде
почнувајќи од предните светла кои ги следат истите линии, но се малку повисоки.
Придобивка
од платформата е новиот постојан погон на четири тркала со ограничен самоблокирачки
дифренецијал. Тука е и SI-Drrive кој овозможува избор од три различни модуси кај трансмисијата.
Моќноста повторно доаѓа од 2.0 литарски четирицилиндричен
боксер, а на повидок е и дизел кој би требало да се појави на есен.

|