Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Нов теренец од Бразил
18.03.2008
tac-stark-br-1.jpgБразилскиот производител TAC по многу проблеми успеа да го претстави својот прв теренец кого го нарече Stark чија продажба стартува доколку се е во ред во 2009.

Моделот делува како некаква мешавина помеѓу стариот добар Jeep Wrangler и некакво пустинско баги, но во ТАС тврдат дека токму Stark е вистинското возило доколку сакате да истражувате по џунглите на Амазон.

Теренецот е долг 4,08 метри има меѓуоскино растојание од 2,54 метри, тежи 1,3 тони и го задвижува 1.8 литарски бензинец од Volkswagen кој покрај може да работи и на бензин и на етанол кој е многу популарен како гориво во Бразил.

Моторот се наоѓа под хаубата напред, но всушност е сместен централно зад предната оска поради подобра распределба на тежината, непоходно за лесно совладување на непристапен терен.

Stark има независна суспензија на сите четири тркала која е производ на големиот добавувач на автомобилски компоненти BorgWarner, но отсуствуваат податоци за менувачот, погонот, диференцијали, блокади, редуктор... сето она што со себе го носи секој вистински теренец.

Иако според цената која изнесува 41.000 долари се очекува Stark да биде еден навистина успешен совладувач на терен. Планот на ТАС е да произведува 1.200 теренци годишно, а бидејќи станува збор за мала серија квалитетот според одговорните во компанијата ќе биде на високо ниво.

Единствено во воздух останува да лебди прашањето: Кој ќе издвои преку 40.000 долари за еден непознат теренец? Одговорот гласи богати ентузијасти, луѓе што знаат да препознаат добра роба и кои не прават компромис кога е во прашање совладувањње на непристапен терен.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook