Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Нов тркач од Mitsubishi
17.09.2008
mitsu-evo-x-britcar-1.jpgБританската филијала на Mitsubishi, Mitsubishi UK, работи на развој на тркачка верзија врз основата на Lancer Evo X со која планираат да учествуваат во серијата Britcar Championship.

Тркачкиот Lancer Evo X ќе биде наменет само за на патека, значи релито не е предвидено со оваа верзија, а ќе дебитира на трката на издржливост 24 часа Britcar која се вози на патеката во Силверстон на 20 и 21 септември.

Зад воланот на тркачкиот Lancer ќе седи поранешниот шампион во BTCC Џејмс Кај заедно со уште двајца возачи чиви имиња засега остануваат тајна.

Преработката на Evo X од рели во тркачки автомобил е направена со обилна помош на инженерите и техничарите од ADR Motosport, компананија кој во моментов учествува во Британскиот шампионат во рели со два автомобили Mitsubishi Lancer Evo X .

Модификациите на моторот, управачката електроника, турбополанчот и издувот му овозможуваат на тркачкиот Evo X да го гужва асфалтот со моќни 400 коњски сили кои се пренесуваат преку сите четири тркала.

Од Mitsubishi најавија дека доколку ADR Evo ги исполни очекувањата во текот на сезоната и успее да го изгради името Evo X подеднакво како во релито тогаш тие ќе финансираат да се направи специјална серија која ќе биде произведена во ограничен број на примероци.

Генералниот Манаџер на Ralliart, официјалниот партнер на Mitsubishi во светот на релито, Пол Бриџен, ја поздрави иницијативата на ADR Motosports велејќи:

Mitsubishi UK одамна не бил инволвиран на патеките и сметам дека оваа е одлична иницијатива да се испитаат тркачките можности на Evo X. Воедно сметам дека ќе биде одличен индикатор и за нас да тргнеме по нивните стапки”.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook