|
Германската тјунерска куќа Hartge специјализирана за доработка на моделите на BMW одлучи посериозно да се зафати со тјунирање на новиот роадстер од Минхен со тврд склоплив кров.

Подобрувањето на визуелниот настап на Z4 е првиот чекор во доработката на родстерот и желба на сопствениците на Z4 да им се поклони нешто поразлично додека инженерите работат на доработка на моторната понуда.
На прв поглед се забележуваат новиот преден агресивен браник со отвори за воздух за ладење на сопирачките, беџовите на Hartge место оние на BMW и куќиштата на ретровизорите од карбон-фибер.
Тука е и новиот капак на багажникот со нагласен интегриран спојлер и четирите издувни цевки. Внатре се добиваат нови алуминиумски педали, нови инструменти со тахо избаждарено до 300 km/h и патосници со потписот на Hartge.
Визуелниот идентитет го потполнуваат леснометалните бандажи кои нудат неколку различни дизајнерски форми и можат да бидат излиени во едно парче или составени од два, или три дела и да носат димензии од 18 до 20 инчи.
Според инженерите на Hartge сега BMW Z4 уште подобро лежи на пат што се должи на новиот сет пружини кои го спуштаат sDrive35i за 20 mm напред и 10 mm назад, додека sDrive23i и sDrive30i се приближени до подлогата за 25 mm напред и 15 mm назад.
Во подготовка се и нови помоќни сопирачки со поголеми вентилирачки дискови напред и нови сопирачки клешти со четири и шест клипови во зависност од моделската изведба и зголемување на моќноста на моторот.
Новиот тјунинг кит за зголемување на моќноста на моторот се очекува кон крајот на годината, бидејќи како што велат инженерите од Hartge ништо не смее да му се препушти на случајот.
|