Евидентно е дека KIA
со крупни чекори граби напред . После нападот во пониските
сегменти во KIA конечно дојде ред на обидот да се загрозат и премиум седаните со
наследникот на Opirus.
Новиот знаменосец на KIA, ќе го носи името VG и е
продолжение на темата зададена од концептот KND-5 кој беше претставен
пролетва на салонот за автомобили во претстолнината на Јужна Кореа, Сеул.
KIA
VG ќе го замени веќе остарениот Opirus кој
во целост не ги исполни продажните очекувања, но затоа му овозможи на
корејскиот производител да ги научи се што е потребно за да се освојат
купувачите на големи лимузини.
Иако ги следи смерниците поставени од концептот KND-5, KIA VG нуди
далеку посмирен дизајн, што може да се забележи од првите официјални фотографии,
но сеуште е доволно агресивен што е дијаметрално спротивно од дизајнот на Opirus.
Секако ова на
VG му дава значителна предност во однос на претходникот. Со
должина од 4.945 mm, ширина од 1.850
mm, висина од 1.475 mm и меѓуоскино растојание од 2.845 mm застанува рамо до рамо со Класа S на Mercedes.
Секако во KIA се свесни дека без оглед на димензиите атакот не е наменет кон
знаменосецот од Штудгарт и неговите конкуренти.
Под хаубата на KIA
VG ќе работат два мотори. Станува збор за атмосферски бензинци.
Еден V6 од генерацијата Lambda
на Hyundai чија моќност сеуште се таи и еден четирицилиндарец кој е новина во
групацијата има зафатнина од 2.4 литри и остварува околу 200 КС.
KIA не сака да ја одолговлекува комерцијализацијата на својот знаменосец.
Затоа продажбата на домашниот пазар стартува кон крајот на годината, додека во
Европа ќе пристигне на почетокот на 2010.
Цената сеуште е непозната, но според зборовите на
одговорните за продажба во KIA
таа ќе биде поволна за еден олкав автомобил.
|