Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Нова Буба во 2012
14.10.2009
nova-generacija-beetle-1.jpgНаследникот на најомилениот народен автомобил легендарната Буба, New Beetle, добива наследник. Според информациите кои доаѓаат од компанијата новиот New Beetle треба да пристигне во 2012.

Директорот на Volkswagen America, Стефан Јакоби истакна дека New Beetle е еден од моделите кои се историско наследство на Volkswagen и е еден од моделите преку кои претставуваат знак за препознавање за компанијата.

Тој истакнува дека од наследникот на New Beetle компанијата очекува многу. Пред се подобрување на продажбата и придобивање на машкиот дел од публиката. Нешто што не е случај со актуелниот модел пред се на американскиот пазар каде се бележат најголемите продажби на New Beetle.

Најголемата продажна бројка на New Beetle на годишно ниво е остварена пред 10 години, поточно во 1999 кога во САД се продадени 83.434 примероци.

Јакоби е уверен во успехот на наследникот на New Beetle кој ќе ги надмине слабостите на актуелниот модел. Тоа значи повеќе простор во кабината без зголемување на габаритите на каросеријата.

Ако се суди по зборовите на шефот на дизајн во Volkswagen, Валтер де Силва новата генерација на New Beetle ќе биде голем чекор кон напред за компанијата.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook