Get Adobe Flash player
Нова Corvette пристигнува во 2012
14.08.2009
corvette-stingray-concept-1.jpgСпоред информациите кои доаѓаат директно од General Motors наследникот на актуелната генерација на Corvette пристигнува во 2012 што е две години порано од првичниот план на американците.

Иако се шпекулираше дека новата генерација на Corvette конечно ќе ја напушти традицијата и ќе добие мотор поставен централно во шасијата пред задната оска тоа нема да се случи.

Corvette останува доследна на своето наследство и продолжува да го негува востановениот концепт со мотор напред - погон назад.

Моторот всушност ќе тежи кон централниот дел на шасијата бидејќи ќе биде поставен зад предните тркала, а снагата ќе ја испраќа до задната оска. Менувачот по принципот трансакс ќе биде поставен на задната оска заради подобра тежинска распределба на двете оски.

Легендарниот американски супер спортист на иднината ќе биде исработен од матријали како алуминиум, магнезиум и крабон-фибер кои значително ќе ја намалат тежината и воедно ќе ја зголемат крутоста.

Што се оденсува до дизајнот на новата Corvette тој би требало да го носи печатот од концептот Stingray претставен годинава на салонот во Чикаго чии фотографии можете да ги разгледата во галеријата.

Под хаубата би требало да работи мотор кој ќе го задржи концептот V8, но ќе има помала зафатнина од агрегатите кои се вградуваат во актуелниот модел. Менувачот најверојатно ќе работи со две спојки и ќе има седум степени на пренос со моќност за автоматско и мануелно менување на степените.

За разлика актуелната верзија на Corvette кој се појави во 2005 има мотори V8 со зафатнина од 6.7 и 7.0 литри чија моќност варира од 430 КС до 638 КС и истите се комбинирани со мануелен или автоматски менувач и двата со шест степени на пренос.

 

 

 

 

Facebook